Со доаѓањето на летото и високите температури, важно е да се води сметка за неколку фактори, од кои меѓу најважните е хидратацијата. Затоа, не е лошо да знаеме кои пијалаци треба да ги избегнуваме за да избегнеме дехидратација.

Според Центарот за контрола и превенција на болести во Атланта, САД, покрај хидратацијата, важно е да се избегнува напорна физичка работа, да се избегнува престој на отворено во периодот од 11 до 16 часот и да се носат креми за заштита од штетните УВ-зраци.

Алкохол: Ладните алкохолни пијалаци изгледаат како добар начин за разладување. Меѓутоа, алкохолните пијалаци се сметаат за најлош избор за време на топлите денови. Тоа е затоа што алкохолот е диуретик и на тој начин го зголемува производството на урина, што дополнително ја отстранува водата од телото.

Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) советува да не пиете алкохол 24 часа по работата на отворено, бидејќи тоа може да ве дехидрира.

Кафе и чај: Експертите од клиниката „Мајо“ наведуваат дека кофеинот што се наоѓа во кафето и во чајот е исто така диуретик. Затоа, се препорачува овие пијалаци да ги консумирате умерено со повеќе вода.

Газирани сокови: Газираните сокови исто така може да содржат кофеин, а освен тоа, генерално се богати со шеќер, што може да доведе до зголемена жед и дехидратација. Колку е поголема потрошувачката на шеќер, толку повеќе циркулираат клетките во телото, а потоа почесто доаѓа до мокрење.

Енергетски пијалаци: Енергетските пијалаци исто така содржат висок процент на кофеин, а освен тоа, можат да содржат и повеќе шеќер од стандардните газирани пијалаци. Сепак, Центарот за контрола и превенција на болести наведува дека енергетските пијалаци треба да се разликуваат од спортските бидејќи таканаречените спортски пијалаци содржат електролити, кои можат да помогнат во балансирање на солта и минералите.