Водата е потребна за секој процес во телото за кој е познато дека го одржува човечкиот живот, но, од друга страна, многумина од нас не ја консумираат ни приближно препорачаната дневна доза вода. Возрасните луѓе се состојат во просек од 70 проценти вода, а нашата крв се состои од 90 проценти вода. Кога сме дехидрирани, нашето тело не може да функционира правилно и стануваме поподложни на брчки на кожата и други здравствени нарушувања. Затоа, набројуваме пет клучни причини зошто треба да внесуваме доволно вода во нашето тело.
Водата помага во процесот на слабеење: Водата може да го забрза метаболизмот и да се бори против чувството за глад. Според научните истражувања, пиењето вода може да го зајакне вашиот метаболизам за 24-30 проценти во период од еден до два часа, а со тоа ќе ви помогне да согорите калории.
Водата помага при запек и детоксикација на телото: Зголеменото внесување вода може да го подобри процесот на детоксикација со отстранување на штетните материи од нашето тело. Без тоа, токсините се таложат во нашите црева, што може да доведе до голем број болести и зголемување на телесната тежина.
Зголемување на мускулната маса: Мускулните клетки што не се соодветно хидрирани не можат да работат или да се изградат на најдобар можен начин. Не само што ќе се намалат вашите перформанси за време на вежбањето, туку ќе се намали и вашата способност да стекнете мускулна маса.
Водата помага во одржувањето на кожата: Пиењето доволно вода може да ви помогне да се борите со разни кожни болести. Ги хидрира сите слоеви на телото, вклучувајќи ја и кожата. Со тоа спречува сушење на кожата и создавање брчки. Водата е потребна и за детоксикација. Акните на кожата често можат да бидат предизвикани од таложење токсини, па водата може да помогне и при овој проблем.
Помага во подмачкување на зглобовите: Како што е споменато во четвртиот совет, водата ги хидрира сите делови од телото, вклучувајќи ги и зглобовите. Секојдневната хидратација може да помогне да се намалат воспалението и болката во зглобовите. Консумирањето вода е клучно за ублажување на болките како што се артритис, гихт или повреди на зглобовите.