Кратенката „ок“ е еден од најчестите зборови во англискиот јазик и се користи секој ден од луѓето низ светот. Своите корени ги влече уште во 19 век од Бостон во САД, но не е создадена намерно, туку како уредувачка шега што се раширила низ медиумите од тоа време.
Сè започна во 1839 година, во канцеларијата на Чарлс Гордон Грин во тогашниот весник „Бостон морнинг пост“. Кратенките тогаш беа во мода меѓу писателите и новинарите. Имаше многу кратенки, но ниту една не стекна толкава слава како „ок“.
Прво се појави како кратенка за зборовите „Oll Korrect“, што во основа е погрешно напишано, а значи „сѐ е точно“. Се појави во сатирична статија за граматиката. Иако потеклото на зборот датира од 19 век, тој почнал поактивно да се користи дури во шеесеттите години на минатиот век.
Имено, етимологот Ален Рид истражувал и наводно оваа популарна кратенка доаѓа од Европа и е создадена како кратенка за телеграфскиот израз „Опен ки“ (Open Key). Некои веруваат дека оваа кратенка ја измислил американскиот претседател Мартин ван Бурен за својата претседателска кампања.