Од дворци како од бајка и мистични пештери, до таинствени плажи и древни шуми, Англија е полна со скриени бисери и длабоко закопани тајни. Едно од најмистериозните места за посета е шумата Пазлвуд. Таа е толку необична што дури и најсуровите реалисти признаваат дека кога одат низ нејзините патеки можат да сретнат виленици, тролови и џуџиња од бајките.
Токму затоа ова е совршена дестинација за сите вљубеници во книгите и филмовите за митологијата и волшебниците, бидејќи изгледа како место на кое сите тие ќе оживеат. Затоа не треба да нѐ чуди податокот што оваа шума е место каде што биле снимени некои од најпознатите фантастични филмови и серии.
Имено, таа го инспирирала и Толкин кога ја пишувал трилогијата „Господар на прстените“. Некои велат дека и „Забранетата шума“ од „Хари Потер“ има сличности со Пазлвуд.
Исто така, оваа шума послужила и како сет за снимање на сериите: „Д-р Ху“, „Мерлин“ и „Атлантис“. Шумата се протега на шест хектари површина, а низ неа поминувале и Старите Римјани.
За нејзината долга историја сведочат и повеќе од 3.000 монети од Римското Царство што ги откриле работници во средината на 19 век, кога уредувале еден дел од шумата. Имено, во тој период е направен пат низ шумата и изградени се неколку моста, за да им се олеснат прошетките на туристите.
За да не дојде до метеж во шумата од скоро владе правилото, одење по левата страна. Влезот е бесплатен, а сите што сакаат да дадат некој прилог, тоа можат да го сторат во кутијата на влезот. На гостите на располагање им се коњи пони, неколку еколошки атракции и ручек во некое од необичните кафулиња.