Фестивалот се отвори со филмот „Жан ду Бери“ (1), со Џони Деп во главната улога, а вклучува многу очекувани американски филмови, како „Индијана Џонс и артефактот на судбината“ (2) и „Убиства под цветната месечина“ на Мартин Скорсезе (3). Ќе се затвори со „Елементал“ на „Пиксар“ (4)
На француската ривиера започна 76-то издание на годишниот филмски фестивал во Кан. Новите филмови на Џонатан Глејзер, Кен Лоуч и Мартин Скорсезе премиерно ќе бидат прикажани на годинашниот Кански фестивал, откако директорите на фестивалот објавија една од најсилните постави во последно време.
Фестивалот исто така го собори својот рекорд со тоа што во конкуренцијата вклучи седум филма на режисерки, вклучувајќи ги и новите наслови на Кетрин Брејлат, Алис Рорвахер и Џесика Хауснер.
Годинашниот фестивал е отворен со филмот на Мајвен, „Жан ду Бери“, со Џони Деп во главната улога. Поставата вклучува многу очекувани американски филмови, особено „Убиства под цветната месечина“ на Мартин Скорсезе и „Индијана Џонс и артефактот на судбината“, а ќе се затвори со „Елементал“ на продукциската компанија „Пиксар“.
Со жирито ќе претседава шведскиот режисер Рубен Остлунд, двократен добитник на „златна палма“.