Таа е пет светлосни години оддалечена од нашето Сонце, во соѕвездието Кентаур
Научниците открија „втора Земја“, најслична планета на нашата, оддалечена пет светлосни години од Сонцето, што претставува едно од највозбудливите откритија во астробиологијата во последно време. Оваа мала планета, наречена Проксима Кентаур Б, орбитира околу Проксима Кентаур, најблиската ѕвезда до Сонцето, која се наоѓа во соѕвездието Кентаур.
Откривањето на оваа планета претставува клучен чекор во потрагата по светови слични на Земјата, бидејќи ни покажува дека карпестите планети слични на Земјата, потенцијално погодни за живот, можат да постојат релативно блиску до нашиот Сончев Систем.
Дали сме сами во вселената?
Деталите за нејзината зона погодна за живеење, големината и можните услови за живеење се дадени со студии објавени во научното списание „Нејчр“.
Проксима Кентаур Б претставува не само фасцинантно научно откритие туку и потенцијален прв чекор кон пронаоѓање живот надвор од Сончевиот Систем. Иако многу работи што остануваат непознати, секое ново знаење за оваа планета нè приближува до одговорот на едно од најголемите прашања: дали сме сами во вселената?
Проксима Кентаур Б е планета слична на Земјата по големина, што значи дека е класифицирана како карпеста планета наместо како гасен џин, како Јупитер или Сатурн. Се проценува дека нејзината маса е приближно 1,17 пат поголема од онаа на Земјата, што ја прави доволно стабилна за одржување на цврста површина. Што е најважно, таа е во „населивата зона“ на Проксима Кентаур, што значи дека е толку далеку од својата ѕвезда што, теоретски, би можело да има течна вода на својата површина – клучен предуслов за животот каков што го знаеме.
Иако се наоѓа во зоната погодна за живеење, сепак условите на оваа планета сѐ уште се далеку од идеални. Проксима Кентаур е црвено џуџе, вид ѕвезда што емитува големо количество ултравиолетово и рендгенско зрачење. Таквото зрачење може да биде штетно за животот, а имајќи предвид дека Проксима Кентаур Б орбитира многу блиску до својата ѕвезда (на растојание од околу 0,05 АУ), изложеноста на ова штетно зрачење е значајна. Ова би можело да ја уништи атмосферата или водата на планетата, што би го направило животот, доколку постои, екстремно приспособен на овие услови.
Сè уште не се знае дали има атмосфера
Сè уште не се знае дали Проксима Кентаур Б има атмосфера. Доколку би постоела атмосфера, таа би можела да ја заштити планетата од радијација, овозможувајќи присуство на вода и потенцијален живот. Научниците користат моќни машини, како телескопот „Џејмс Веб“ и екстремно голем телескоп, за да се обидат да откријат повеќе информации за составот на атмосферата и присуството на потенцијални биосигнали.
Проксима Кентаур Б е откриена со методот на „радијална брзина“, кој детектира мали промени во движењето на ѕвездата поради гравитационото влијание на планетата. Ова е важна техника што често се користи за откривање егзопланети во нашата галаксија.
Научниците работат на развој на напредни технологии, кои би можеле да овозможат лансирање наносонди, кои би биле испратени во насока на Проксима Кентаур, што ќе овозможи испраќање повратни информации назад на Земјата. Ваквите напори имаат цел да испратат брзи сонди, кои би можеле да стигнат до соседните ѕвезди за неколку децении.