Фото: принтскрин

Специјалните обвинители на Ново Мексико неочекувано го повлекоа обвинението против актерот Алек Болдвин за ненамерно убиство на снимателката Халина Хачинс во 2021 година, пренесоа американски медиуми, кои цитирааат правни аналитичари дека ова е логичен заклучок за погрешно кривично гонење.

Овој потег уследи по новите докази за пиштолот што го држел Болдвин кога го испукал куршумот што ја уби Хачинс за време на снимањето на филмот „Rust“ во Санта Фе, Ново Мексико, изјави извор близок до државните обвинители, кој појасни дека се појавиле нови докази и дека е потребно повеќе време за истрага.

Специјалните обвинители Кари Морисеј и Џејсон Лусис би можеле повторно да покренат постапка за кривична постапка при понатамошна истрага.

Новите докази го поткопаа случајот на обвинителството по серија правни препукувања, принудувајќи го на ваков чекор пред рочиштето во мај, кога судијата требаше да одлучи дали има доволно докази за судење на Болдвин и оружарката Хана Гутерез Рид.

Во неверојатен пресврт за 65-годишниот актер од А-листата, специјалните обвинители Кари Морисеј и Џејсон Луис поднесоа известување за отфрлање на единственото преостанато обвинение против Болдвин во државниот Окружен суд во Санта Фе.

Истрагата за фаталниот инцидент е во тек.

Американски медиуми предеупредуваат дека иако обвинението против Болдвин за неговата улога во смртта на Халина Хачинс е отфрлено, актерот и продуцент сè уште се соочува со кривична постапка.

Обвинението за ненамерно убиство против Хана Гутиерез Рид, супервизор за оружје во филмот, останува непроменето.

Судскиот поднесок ги одразува претходните изјави на обвинителите дека се откриени нови факти кои бараат дополнителна истрага и форензичка анализа.

Болдвин се изјасни за невин по обвиненијата против него кон крајот на февруари и беше ослободен со ветување дека нема да поседува оружје, нема да пие алкохол и нема да разговара со сведоци на пукањето, според „Си-ен-ен“.

Актерот ја застрела снимателката Халина Хачинс со пиштол реквизит, кој од непознати причини бил наполнет со жива муниција. Овој настан доведе до обвинение против Болдвин и оружарката Хана Гутиерез Рид за ненамерно убиство.