Ако сте како повеќето луѓе, секое утро брзате, значи дека појадувате нешто што може да се јаде во движење. Затоа, бананите се популарен избор, но, според нутриционистот Дарјло Џофре, тие треба да се избегнуваат наутро.
– Бананите изгледаат како совршен избор, но имаат 25 проценти шеќер и се умерено кисели. Тоа на почетокот ќе ви даде енергија, но наскоро ќе бидете уморни и гладни – вели тој.
Така, иако бананите се полни со калиум и витамин Б6 и немаат холестерол и сол, тие нема да ја одржат нашата енергија во текот на денот. Џофре советува да ги комбинирате со извори на здрави масти, како јаткасти плодови, семки, авокадо, маслинки и јајца.
Националната медицинска библиотека на САД составува голем број студии што откриле дека јадењето банани за појадок е проблематично бидејќи тие се поврзани со зголемување на нивото на шеќер во крвта.
На прво место треба да бидат внимателни лицата со дијабетес тип 2, чие ниво на шеќер може сериозно да се промени доколку консумираат банани секој ден.