Се ближи втората сезона на серијата „Енд џаст лајк дет“ и откако донекаде закрепнавме од шокот и смртта на главниот лик, дознаваме како неговиот најголем ривал, Ејдан Шо, се враќа во новата сезона. Сите обожаватели на култната серија „Сексот и градот“ се сеќаваат на потресните епизоди во кои Кери и Ејдан двапати се обидуваат да ја спасат својата врска. Но, секако, неуспешно бидејќи Кери секогаш потсвесно била вљубена во г. Биг. По првата официјална најавна фотографија што ја споделија каналите од серијата, а која ги запали социјалните мрежи, дополнителен оган подгреаја и фотографиите од сетот за снимање. Сара Џесика Паркер и Џон Корбет повторно застанаа пред камерите како Кери и Ејдан и снимија сцени за кои не се објавени детали. Актерите се заедно во продавница за покуќнина и изгледаат интимно како во најубавите моменти од нивната филмска врска. Иако мислењата на обожавателите се поделени за новите сезони, односно за повеќето не се интересни, мора да признаеме дека едвај чекаме да го видиме новиот заплет. Светот се смени, ликовите се постари со позрели проблеми што ги носи животот.

Последно што знаевме за Ајдан е дека е оженет со деца, а што нѐ очекува во новата сезона, можеме само да претпоставуваме. Серијата пристигнува на Ејч-би-о макс на 22 јуни. Едвај чекаме да го видиме расплетот на новата/стара љубовна приказна… и на радост на многубројните обожаватели, новата сезона носи уште едно добро познато лице. Потврдено е дека легендарната Саманта Џонс се враќа на малите екрани! Но таа ќе се појави во една сцена. Актерката Ким Катрал го сними својот дијалог во текот на март во Њујорк без да ги види или да разговара со ѕвездите на серијата, вклучувајќи ја и Сара Џесика Паркер. Во сцената, Саманта, која во серијата се пресели во Лондон, ќе разговара со Кери Бредшо на телефон. Темата на нивниот разговор ќе ја дознаеме наскоро…