Астрофизичарот и професор Раџендра Гупта од Универзитетот во Отава водеше студија што заклучи дека универзумот е стар 26,7 милијарди години. Овој нов заклучок ја удвојува проценетата старост на универзумот.
Во студијата, објавена неодамна во рецензираното научно списание „Моунтли ноутисис од ројал астрономикал сосајети“, се наведува дека универзумот е двојно постар отколку што се мислеше.
– Нашиот новоразвиен модел го продолжува времето на формирање на галаксијата за неколку милијарди години, со што универзумот е стар 26,7 милијарди години, а не 13,7, како што беше претходно проценето – рече професорот Гупта, главен истражувач на студијата.

Претходната процена беше направена пред две години, користејќи го Ламбда-ЦДМ, кој е модел на случајност што се користи во космологијата за да се означи најчесто користениот космолошки модел.
Астрофизичарите се обидоа да пресметаат колку долго постои универзумот со мерење на времето од големата експлозија и проценување на најстарите ѕвезди со високи црвени поместувања од светлината што доаѓа од другите галаксии. Она што ги збунува истражувачите се древните ѕвезди што се наводно постари од проценетата старост на универзумот, како и откривањето на раните галаксии што постојат 300 милиони години по големата експлозија. Овие откритија беа овозможени со вселенскиот телескоп „Џејмс веб“.
Во самата студија истражувачите развија хибридни модели што го инкорпорираат концептот на уморна светлина во универзумот што се шири, теорија развиена во 20 век од швајцарскиот астроном Фриц Цвики. Теоријата предлага дека црвените поместувања на светлината што доаѓаат од други галаксии се должат на губењето на енергијата на фотонот на космички растојанија.
Гупта откри дека црвеното поместување е хибриден феномен. Понатаму, Цвики исто така го воведе концептот на константи на спојување, кои управуваат со интеракцијата помеѓу честичките и нивната еволуција во форма на рани галаксии забележани од телескопот при високи црвени поместувања, кои можат да се прошират до неколку милијарди години наспроти неколку стотици милиони.