Кои се најголемите губитници на „Оскарите“? Иако можеби звучи грубо, сепак оваа квалификација ги опишува филмаџиите чие име неколкупати било во трката за наградите во текот на децениите, но никогаш не успеале да ја однесат златната статуетка дома.
Вес Андерсон – седум номинации: Режисерот Вес Андерсон само еднаш бил номиниран за најдобар режисер, но седум пати бил во трката во други категории во последните 20 години. По победата за најдобро оригинално сценарио за „Ројал Тененбаумс“ во 2001 година, филмот „Фантастичниот господин Фокс“ на Андерсон беше номиниран за најдобар анимиран филм во 2009 година.
Ричард Бартон – седум номинации: Бартон секогаш бил кандидат за „оскар“, но никогаш не станал оскаровец. Тој бил номиниран дури седум пати. Велшкиот актер имал номинација за споредна машка улога за „Мојата роднина Рејчел“ од 1952 година. Набрзо следната година доби уште една номинација, овој пат за најдобар актер во филмот „Туника“. Бартон доминира во 1960-тите со три последователни номинации од 1964 до 1966 година.
Бредли Купер – девет номинации: Тешко да се поверува дека успешниот Купер е меѓу „губитниците“, бидејќи е на врвот на кариерата и веќе има импресивен број номинации. Тоа главно се должи на неговиот талент како актер, писател и продуцент. Првата номинација за најдобар актер ја доби за „Силвер лајнингс плејбук“ во 2012 година, а втората номинација, за споредна машка улога, една година подоцна за „Американски снајпер“. Тој имаше повеќекратни номинации за римејкот „Ѕвездата е родена“ од 2018 година, а многумина очекуваа дека ќе биде номиниран и за најдобар режисер. Потоа доби уште две номинации за најдобар филм во 2018 и 2021 година.


Пол Томас Андерсон – 11 номинации: Како еден од најпочитуваните режисери на неговата генерација, би помислиле дека Пол Томас Андерсон досега има нешто добиено. Иако е омилен од Академијата, режисерот бил номиниран вкупно 11 пати во различни категории – за најдобро оригинално сценарио, филм, најдобра режија и најдобро адаптирано сценарио, но никогаш не добил „оскар“.
Мартин Скорсезе – 16 номинации: Скорсезе ги режираше легендарните филмови како „Таксист“, „Добрите момци“ и „Авијатичарот“, кои на крајот останаа без статуетка. Всушност, Скорсезе снима филмови од 1970-тите години и досега имал неверојатни 16 номинации, а освоил само една, за „Департед“ од 2006 година. Патем, тој има повеќе номинации за режија од кој било друг режисер, надминувајќи ги деветте номинации на Стивен Спилберг. Годинава Скорсезе уште еднаш го пропушти „оскарот“.
Мерил Стрип – 21 номинација: Иако Мерил Стрип има неколку златни статуетки, таа исто така има долга историја на немилосрдно губење на наградите. Со 21 номинација, некои веруваат дека би требало да ги има многу повеќе. Како и да е, таа трипати е наградена за најдобра актерка.