Фото: Деан Лазаревски

Знаменитости на Македонија

Удовскиот Остров на реката Вардар е најголемиот речен остров во Македонија и втор по површина во македонската држава. Лоциран е во атарот на селото Удово, во општината Валандово, во Гевгелиско-валандовската Котлина.
Удовскиот Остров е еден од десетте средореци (површина над 1 хектар) во Вардар и е најголем речен остров (средорек) во Македонија, неговата површина изнесува 6 хектари, а бреговата линија 1,4 километар.
Над Удовскиот Остров минува мост што ги спојува селата Удово и Давидово, по должината на регионалниот пат 1.105.