Филмот „Менк“ на Дејвид Финчер ги предводи номинациите на годинешните, 93-ти „оскари“, со десет номинации. Академијата за првпат во историјата на наградите номинира две жени, Клое Жао и Емералд Фенел, во категоријата за најдобар режисер. Другите номинирани се Ли Исак Чунг за „Минари“, Дејвид Финчер за „Манк“ и Томас Винтерберг за „Друга рунда“.
Годинава девет од 20 номинирани се изведувачи со различна боја на кожата, вклучувајќи ја и постхумната номинација за најдобар актер за Чадвик Босеман во „Ма Рејни: мајка на блузот“ и за Риз Амед во „Звукот на металот“, Стивен Јун („Минари“), Даниел Калууја и Лекит Стенфилд („Јуда и Црниот Месија“), Лесли Одом Џуниор („Една ноќ во Мајами“), Вајола Дејвис („Ма Рејни: мајка на блузот“), Андра Деј („САД против Били Холидеј“) и Јух-Џунг Јон („Минари“).
Британските актери Саша Барон-Коен, Кери Мулиган, Оливија Колман, Даниел Калууја и сер Ентони Хопкинс се меѓу ѕвездите номинирани за годинешните „оскари“.
Подготвил: Даниел Варбанов