Тренерката Рејчел Атард некогаш вежбала шест дена во неделата. Нејзината програма секојпат траела час и половина, а потоа сфатила дека тоа не ја води до посакуваната цел. Таа лично доживеала и креирала програма како најлесно да се постигне идеално тело.
Атард денес промовира получасовни тренинзи од три до четири пати неделно и верува дека токму тоа е магичниот број на тренинзи што гарантира затегнато тело.
– Сè повеќе од тоа е губење време – предупредува таа, објаснувајќи дека во минатото вежбала повеќе од сите што ги познавала.
Според неа, прекумерното тренирање, стресот на работа, недостигот од сон и недостигот од време можат да остават трага и да не ве доведат во формата што ја сакате. Денес вежба пилатес, јога и крева полесни тегови, а чувствува дека има многу повеќе енергија и, што е најважно, гледа резултати во својата фигура.
Исто така, таа многу често пешачи, а на сите им советува да ги воведат и задолжителните осум часа сон заедно со тренингот, да внесуваат помалку шеќер, а повеќе храна што содржи здрави масти и не предизвикува надуеност.