Ирскиот актер Колин Фарел целосно го промени својот изглед за снимањето на најновиот филм „Бетмен“, а сега на социјалните мрежи беше објавено видео во кое можеме да видиме како изгледал процесот.
Фарел го играше негативецот Освалд Коблпот (Пингвин). Тој мораше да чека дури четири часа за да заврши шминкањето. Шминкерот Мајк Марино ја осмисли неговата екстремна трансформација.
Ова е дефинитивно највозбудливото снимање во мојата кариера. Едвај чекам да го вратам Освалд на улиците на Готам и да направам хаос – изјави претходно Фарел.
Марино на својот инстаграм-профил објави како изгледала една од пробите за шминкање во неговото студио и им се заблагодари на сите колеги што му помогнале успешно да ја заврши задачата.
„Бетмен“ во режија на Мет Ривс беше објавен на почетокот на март. Покрај Фарел, улогите ги толкуваат и: Роберт Патинсон (Брус Вејн), Зои Кравиц (Селина Кајл), Џефри Рајт (полковник Џејмс Гордон), Пол Дано (Ридлер)…