Британците го изгласаа својот омилен божиќен хит, а тоа е песната „Killing in the Name“ на американската рап-метал група „Рејџ агеинст д машин“ (Rage Against The Machine).
Анкетата, направена во соработка со „Најн ејт букс“, беше спроведена со цел да го одбележи објавувањето на книгата со официјални број 1 божиќни синглови, која е водич за 70 божиќни хита, а на секоја песна ѝ се посветени две страници.
По тринеделно гласање, конечната битка се водеше помеѓу „2 Become 1“ на „Спајс грлс“ и „Killing in the Name“ на „Рејџ агеинст д машин“, која на крајот победи со 51 % од гласовите.
Инаку, ова е продолжение на приказната од 2009 година кога овој сингл од популарните бунтовници одеднаш стана божиќен хит благодарение на кампањата што имаше цел да ги спречи ѕвездите на „Х-фактор“ да го имаат најголемиот божиќен хит петта година по ред.