На телото му се потребни 13 вида витамини за нормално функционирање, а секој од нив игра важна улога во зајакнувањето на нашиот имунитет. Често се поставува прашањето како да се идентификува недостиг од витамин и да се надоместат витамините што недостигаат.
Витамините може да се поделат на растворливи во вода и растворливи во масти. Витамините од групата Б и витаминот Ц лесно се раствораат во вода и се излачуваат од нашето тело преку урината. Многу е важно редовно да ги земаме бидејќи нашето тело нема способност да ги складира. Витамините растворливи во масти (А, Д, Е, К) се акумулираат во телото и се чуваат од неколку дена до неколку месеци.
Одредени фактори доведуваат до недостиг од витамини што му се потребни на телото за нормално функционирање. На губење на витамините влијаат неправилната исхрана, диетите, недоволната физичка активност, пушењето, алкохолот, одредени лекови, но и бременоста и доењето. Со правилна исхрана и додатоци во исхраната можеме да го зголемиме внесувањето одредени витамини во организмот.
Витамин А
Недостигот од витамин А може да се препознае по дегенеративни промени во окото, псоријаза, акни, репродуктивни нарушувања, улцеративен колитис, цироза на црниот дроб, губење на апетитот, ослабен имунолошки систем, вагинални и респираторни инфекции и дигестивни нарушувања.
Витамин Б
Замор, недостиг од концентрација, анемија и нарушување на имунолошкиот систем се показатели за недостиг од витамините Б-комплекс. Малку посложени индикатори се деменција, параноја, депресија и промени во однесувањето, исип и пукнатини на кожата околу усните и склоност кон инфекции.
Витамин Ц
Ако на нашето тело му недостига витамин Ц, тоа можеме да го препознаеме по замор, промени на кожата, крвави непца, анемија, намалена отпорност на инфекции, бавно зараснување рани и скршеници, алергии, артеросклероза, артритис, ќелавост, висок холестерол, болки во коските, хипогликемија и стрес.
Витамин Д
Сончевиот витамин, како што често го нарекуваат, витаминот Д во зимскиот период е речиси невозможно да го произведе телото. Болка во коските, слабост и болки во мускулите и грчеви, прекумерно потење, висок крвен притисок, слаба концентрација и главоболка го карактеризираат недостигот од овој витамин.
Витамин Е
Хронични заболувања на црниот дроб, недостиг од координација на движењата, парализа на мускулите одговорни за движењата на очите, нарушување на моторниот говор, мала анемија, катаракта, хиперпигментација и забавен раст кај децата се карактеристични за недостиг од витамин Е.
Витамин К
Типични знаци на недостиг од витамин К се намалување на густината на коските, обилно менструално крвавење, крвавење од носот и непцата, поткожно крвавење, крв во дигестивниот тракт и урината, лесно настанување на модринки.