Слабиот вифи-сигнал е еден од кошмарите на модерното време. Лоша врска, бавно време на вчитување и пад на сигналот се нешта што го тестираат вашето трпение додека слушате музика од Јутјуб, пребарувате на интернет рецепти за лесна вечера, стримувате серија или ја играте вашата омилена видеоигра. Постојат многу причини зошто вашиот вифи-сигнал може да стане слаб и да предизвика проблеми при користење на безжичниот интернет. Прво исфрлете ги соседите и другите натрапници од мрежата. Ако некогаш сте ја одржувале вашата мрежа отворена, со незаштитена лозинка или сте им дале пристап на вашите соседи до вашето вифи, сега е време да ја заштитите мрежата. Модерното шифрирање ВПА е многу потешко да се хакира од постарото ВЕП, затоа погрижете се да ја заштити вашата мрежа со нова силна лозинка за ВПА. За да проверите дали некој е сè уште поврзан на вашата мрежа, исклучете ги сите ваши гејмерски конзоли, телефони, компјутери и сè друго што користи интернет и проверете дали светлото за безжична мрежа сè уште трепка. Ако одговорот е да, тоа значи дека некој сѐ уште е таму. Кога ќе почувствувате дека брзината на интернетот во вашиот стан е многу помала од онаа на која сте навикнати, проверете каква е навистина. Можете да го направите тоа брзо и лесно користејќи посветени сајтови како што е Спидтест.нет. Ако брзината е значително помала од онаа за која плаќате, задолжително пријавете до давателот чија услуга ја користите и замолете го да провери што се случува. Понекогаш се случува самите кабелски оператори да ги намалат перформансите на нивните услуги за да можат на корисниците да им наплатат повисока такса за користење на пропустливиот опсег на сигналот.