Анимациите прават нашиот телефон да изгледа визуелно подобро, но овие визуелни елементи му трошат многу ресурси на уредот, поради што ги забавуваат и ги попречуваат перформансите на телефонот. Дури и најновите телефони со андроид може да забават со текот на времето и да почнат да кочат и да сецкаат, најмногу поради прекумерната акумулација на податоци и ограничениот простор за нивно складирање. Тоа е проблем што обично се решава со ресетирање на уредот на фабрички поставки, па сѐ од почеток…, но има и малку посуптилен начин да се направи тоа. Тоа вклучува исклучување на анимациите во поставките на оперативниот систем андроид, што значително ги ослободува ресурсите на телефонот и значително ги подобрува неговите перформанси.
Тоа е едноставен и ефективен начин за забрзување на вашиот паметен телефон, што може да биде особено корисно на постари уреди, со послаби процесори и помала меморија. Анимациите трошат многу ресурси на уредот, поради што често го забавуваат и го попречуваат работењето на телефонот. Оневозможувањето на оваа опција забележливо ќе донесе подобрување кај поевтини и постари телефони, кај оние со послаби процесори и помала меморија. Кај помоќните и поскапи уреди, со подобар и понов хардвер, исклучувањето на анимациите нема да донесе значителни подобрувања.