Напорите на Гугл поврзани со генеративната вештачка интелигенција продолжуваат, а сега е фокусирана на апликацијата Гугл мапс.
Мапс сега е „зачинет“ со технологијата за вештачка интелигенција, но има „улов“, бидејќи новите функции моментално се достапни само за „одбраните локални водичи“ (Local Guides) во САД.
На оние што ќе можат да користат генеративна вештачка интелигенција во апликацијата Мапс сега ќе им помогне да откриваат нови места според нивните специфични потреби. Доволно е да се каже што бара корисникот на многу обичен начин, а големите јазични модели на Гугл ќе ја анализираат базата на Мапс и ќе понудат одговор.
Од Гугл велат дека увидите и вредните повратни информации на локалните водичи помагаат да се обликува функцијата пред да биде пошироко пуштена кај корисниците, така што засега треба да се смета за затворена бета-верзија.
Гугл исто така покажа пример за користење на новата функција, каде што пишува „места со античка атмосфера во Сан Франциско“, проследено со многу информации за блиските бизниси и места заедно со фотографии, оцени и рецензии од заедницата Мапс.
Резултатите се организирани во категории и доаѓаат со фотографии и резимеа на прегледи што нагласуваат зошто одредено место може да биде од интерес врз основа на претходното барање. Кога корисникот ќе праша нешто, може да го продолжи разговорот со дополнително прашање без да повторува. Може да се постави прашање за ручек по претходното прашање, по што ќе бидат понудени места што одговараат на споменатата атмосфера.
Секако, можно е да се зачуваат сите препорачани локации, а достапна е и опцијата за нивно споделување со пријателите. Буквално, небото е граница кога станува збор за прашања.