Фото Дорнике

Занимливости

Геледе е спектакл на Јоруба (етничка група во југозападниот и северно-централна Нигерија), односно јавно прикажување со шарени маски што комбинираат уметност и ритуален танц за да се забавуваат, едуцираат и инспирираат обожавање. Геледе ги слави т.н. Мајки, односно група што вклучува женски предци и божества, како и постари жени од заедницата, но и моќта и духовниот капацитет што тие жени ги имаат во општеството. Акцентот е на плодноста и мајчинството, како и на правилното социјално однесување во јорупското општество. Постоеле две главни теории за потеклото на Геледе, историска и митолошка. Историското потекло е поврзано со три можни места, Стариот Ојо, Кету и Илоби. Кету е една од најстарите и најразработени изведби на Геледе, таа има приказна за потеклото на кралот што умира и неговите два сина близнаци што се борат за тронот. Едниот брат, откако дознал дека нема да го добие тронот, смислил план да го убие својот близнак. Кога братот го сфатил планот, смислил контраплан, кој вклучувал создавање маска и импровизирана личност како измама. Митолошкото потекло е директно поврзано со Ија Нла, или Големата Мајка и нејзината поврзаност со мајчинството и близнаците. Д.Ст.