Во дворот на библиотеката „Браќа Миладиновци“, денеска, од 14 до 21 часот, ќе се одржува третото издание на „Фијук саем“. Ова издание ќе биде отворено со три минисоло-изложби на авторите: Алис Лаурешес, Марта Патлињанковска и Владимир Муратовски, а ќе биде затворено со oтворена музичка сесија на „Гола планина колектив“. Ќе има работилница за печатење колаграфија од 16 до 18 часот со Алиса Лаурешес и Ана Трајковска. Изложбата на Алиса Лаурешес е насловена „Дали сте виделе мечка?“, Марта Патлиџанковска со „Уживање“, а Владимир Муратовски со изложбата „Карикатури“.
Настанот е инициран од колективот „Матријаршија“ од Белград со цел да собере на едно место што поголем број мали издавачи што се занимаваат со уметничка продукција, со цел нивно поврзување, вмрежување и поголема видливост. Тој се шири во овој формат и под ова име и во Хрватска, Шведска, Словенија со повремени настани, кои привлекуваат значителен број публика, и е секогаш поддржан со музичка програма. Саемот го задржува својот специфичен идентитет со една единствена цел, да презентира нови возбудливи изданија и да овозможи нивен понатамошен живот. Тоа е место на нови идеи, реализирани во различни материјални форми, графики, плакати, постери, музика, мапи, уметнички книги, фотографии или монотипии.