Европа е разновиден континент, полн со прекрасни места и градови што вреди да се видат во живо, и многу е безбедна за патување. Но со секое патување постои одредена доза на ризик. Некои места се сметаат за понебезбедни од другите.
Се прашувате што го прави градот небезбеден? Бројот на кривични пријави? Природни непогоди? Бројот на терористички напади или туристички измами? Всушност, тоа е комбинација од овие фактори. Добропознатата глобална корисничка база на земји и градови „Нумбео“ го пресметува индексот на криминал врз основа на податоците на своите корисници.
За да се добие индексот на криминалот во еден град, се земаат предвид општата перцепција на нивните корисници за нивото на криминал, чувството на сигурност во текот на денот и ноќта на одредено место, загриженоста за можна кражба, грабеж, физички напад или дискриминација врз основа на бојата на кожата, етничката припадност, пол или религија.
„Нумбео“ смета дека нивото на криминал е многу ниско во градовите со индекс на криминал од 20 или помалку. Градовите со индекс на криминал помеѓу 20 и 40 имаат низок криминал, меѓу 40 и 60 умерен и меѓу 60 и 80 висок. Нивоата на криминал се сметаат за многу високи на места со индекс на криминал повисок од 80. За среќа, ниту еден град во Европа нема индекс повисок од 65.
Катанија на италијанскиот остров Сицилија е рангирана на прво место според европскиот индекс на криминал во 2023 година, потоа следуваат Марсеј во Франција и Бирмингем во Велика Британија. Во рангирањето на 20-те најопасни европски града според индексот на криминал, најголем број доаѓа од Франција – дури седум, а четири од Велика Британија.
На листата како најнебезбеден град во регионот е Скопје, кој е на 39-то место на листата со индекс на криминал од 46,9, како и Сараево, кое е на 42-то место со индекс на криминал од 46.


Дваесет европски града со највисок индекс на криминал според анализата на интернет-страницата „Нумбео“

1. Катанија, Италија, индекс на криминал 64,6
2. Марсеј, Франција, индекс на криминал 64,4
3. Бирмингем, Велика Британија,
индекс на криминал 63,1
4. Ковентри, Велика Британија,
индекс на криминал 63,1
5. Шарлроа, Белгија, индекс на криминал 62,8
6. Неапол, Италија, индекс на криминал 62,6
7. Монпелје, Франција, индекс на криминал 61,6
8. Лиеж, Белгија, индекс на криминал 59,4
9. Гренобл, Франција, индекс на криминал 58,7
10. Нант, Франција, индекс на криминал 58,4
11. Париз, Франција, индекс на криминал 57,1
12. Малме, Шведска, индекс на криминал 56,2
13. Атина, Грција, индекс на криминал 55,7
14. Ница, Франција, индекс на криминал 55,2
15. Манчестер, Велика Британија,
индекс на криминал 54,9
16. Брисел, Белгија, индекс на криминал 54,5
17. Днипро, Украина, индекс на криминал 54,1
18. Лион, Франција, индекс на криминал 53,9
19. Лондон, Велика Британија,
индекс на криминал 53,9
20. Одеса, Украина, индекс на криминал 53,6