Според експертите
Според дефиницијата, светска војна е оружен конфликт што директно или индиректно влијае на целиот свет. Без разлика дали се случува на повеќето светски континенти или повеќето земји низ светот учествуваат во неа.
Третата светска војна, според сите пресметки, би била најкрвавата и веројатно последна војна на нашата цивилизација. Се верува дека таа би влијаела на 90 отсто од населението на планетата и дека „нуклеарната зима“ би траела 20 години, пишува српска „Политика“.
Што се однесува до вистинскиот оружен конфликт што би довел до нуклеарен армагедон, експертите не се согласуваат меѓу себе. Додека некои веруваат дека третата светска војна е започната уште во 1949 година, кога Советскиот Сојуз го изврши првиот атомски тест, други се на мислење дека сценариото за глобален конфликт ќе трае неколку години. Ако зборуваме за трета светска војна, експертите се согласуваат во едно. Нејзината одлучувачка фаза ќе трае околу 40 минути, приближно 2.400 секунди. Се однесува до размената на интерконтинентални балистички ракети меѓу Америка и Русија. Од моментот на издавање на наредбата, полнење гориво, лансирање и летање до дестинацијата ќе поминат само 40 минути. Ова се однесува на проектили истрелани од копно, од подземни силоси или од надземни лансирни рампи во Америка или Русија. Се верува дека повеќе од 70 отсто од ракетите со нуклеарни боеви глави би биле користени на овој начин.
На бомбардерите што би полетале од аеродромот, пред да бидат уништени, би им биле потребни неколку часа додека да стигнат на позициите од каде што ќе ги испукаат проектилите. И подморниците со интерконтинентални балистички ракети би можеле да ги лансираат своите смртоносни експлозивни тела со разорна моќ со задоцнување од неколку часа. Поради можноста за нуркање и приближување до бреговите на непријателот, времето на летот на ракетата ќе биде пократко. Но подморниците нема да се вклучат во борба додека не излезат на површина за да воспостават контакт со командата и можеби да добијат наредба за лансирање. Во секој случај, тие би можеле да се вклучат во трета светска војна со неколку часа задоцнување. Дотогаш, текот на конфликтот и судбината на планетата веќе би биле запечатени. Истражувањето спроведено од експерти од американските универзитети дошло до заклучок дека само 100 нуклеарни боеви глави можат да го загрозат опстанокот на животот на планетата. Тоа сценарио треба да се помножи со 28 и да дојдеме до реалната пресметка.