Мадона објави на социјалните мрежи дека работи на пишување на сценариото за биографскиот филм, кој е насловен „Која е таа девојка“. Филмот го доби името по нејзиниот истоимен албум од 1987 година, пишува магазинот „Пипл“. Овој биографски филм се работеше веќе неколку години, но во јануари минатата година проектот беше ставен во мирување.
Во објавата на Инстаграм споделена во вторникот, пејачката позираше со машина за пишување и претходно отфрлено сценарио. Иако се нејасни, ажурираните страници на скриптата ги прикажуваат промените и корекциите на кои работи.
– Ми требаат многу пари за да го направам ова (Приказна за мојот живот) – напиша таа во описот на објавата.
Во интервју за списанието „Варајати“ пред две години, Мадона рече: „Имав неверојатен живот, морам да снимам неверојатен филм“ и објасни зошто таа мора да биде сценаристка и режисерка на филмот. „Никој освен мене нема да ја раскаже мојата приказна“.
Минатиот месец британските медиуми објавија дека ѕвездата избрала актерка што ќе ја портретира. Станува збор за Џулија Гарнер, најпозната по улогата на Рут Лангмор во криминалистичката драмска серија „Озарк“ на Нетфликс. Наградуваната актерка првпат беше вклучена во проектот во 2022 година, откако помина на исцрпувачка аудиција, која траеше 11 часа. Меѓу актерките што беа кандидати за улогата се Сидни Свини, Флоренс Пју и Ема Лерд.