Фотографии на Џенифер Лопез (52) во фотосесија за „Долче и Габана“ ги преплавија таблоидите и социјалните мрежи. Славната поп-ѕвезда и актерка ги покажа своите тонирани стомачни мускули, облечена во проѕирна долна облека од тантела и појас со жартиери, додека позира во рамките на најновата жешка кампања на италијанската луксузна модна куќа.
Со накитот на истиот бренд, комбинација на бисери и злато, Џеј Ло никогаш не изгледала посекси, коментираат таблоидите. На некои од сликите Џенифер позира заедно со машки модел, и двајцата рекламираат очила на „Долче и Габана“.
Кампањата на компанијата „Долче и Габана“, на италијанските модни творци Доменико Долче и Стефано Габана, е само еден од неколкуте проекти со кои иконата на шоу-бизнисот беше зафатена деновиве. Џенифер глуми покрај Овен Вилсон во новата романтична комедија „Омажи се за мене“.