Фото: Пекселс

Еден од десет луѓе заборава да ги исчисти овие основни делови од бањата за време на редовното чистење.
Многумина од нас се фаќаат за чистење во текот на пролетните месеци. Всушност, истражувањето на компанијата „Биг батрум шоп“ покажало дека во текот на март и април, просечниот човек поминувал 144 минути дневно во вршење на домашни работи, пренесува „Аваз“.

Сепак, ова истражување со 2.000 испитаници покажа дека секој десетти Британец заборава да ги исчисти основните делови од бањата. Националната здравствена служба на Велика Британија соопшти дека бањата е една од најважните простории во куќата за чистење за да се избегне ширење на вирусот. Имајќи го тоа на ум, еве мал потсетник за најчесто заборавените површини на бањата, заедно со неколку совети и трикови за тоа како да ги одржувате сјајни и чисти.

Зад тоалетот

Многу бањи се дизајнирани на таков начин што има малку простор помеѓу тоалетот и ѕидот зад него. Иако редовно го чистите самиот тоалет, оваа област често се занемарува. А со оглед на тоа дека бактеријата може да се шири речиси два метри по секое испуштање вода, добро е да се исчисти тој простор. Користете влажна стара крпа за да ја исчистите областа од почеток до крај. Можете да ја испрскате областа со антибактериски раствори, да ги фатите двете страни од крпата и да ја влечете од едената кон другата страна за да ја соберете цела нечистотија.

Одводот

Влакната од коса и исушениот сапун се кошмар за вашиот одвод, но постојат неколку начини да го одржите чист и да ги намалите понатамошните проблеми. Со исправена жичана закачалка за палто можете да ја извадите косата што се заканува да го затне одводот. Секој пат кога ќе ја чистите бањата, можете да го освежите местото со лажичка сода. Некои, исто така, сакаат да додадат неколку миризливи средства за дезинфекција – провриени во чајник – истурајќи ги директно врз дупката за да се растворат маснотиите.

Под простирката

Десет отсто од испитаниците во истражувањето признале дека ја чистат простирката само еднаш месечно. Ако повеќе луѓе се тушираат и се капат, тешко е таа целосно да се исуши, а знаеме дека бактериите сакаат влажни места. Задолжително перете ја еднаш неделно. Можете да додадете половина шолја алкохолен оцет во плакнењето, кој дополнителна ќе помогне за убивање на бактериите. Ако имате плочки, исчистете ја површината меѓу нив со стара четка за заби и абразивна паста за чистење. По чистењето, исплакнете и избришете со антибактериско средство за чистење на подот.

Завеси за туширање

Како и теписите, завесите за туширање можат да се навлажнат и да останат влажни долго време, предизвикувајќи мувла и бактерии. Некои завеси за туширање може едноставно да се стават во машината за перење со обичен детергент и да се остават да се исушат пред повторно да се закачат. Доколку ве нервира да ги ставите во машината за перење, ставете ги во када со топла вода и додајте малку сода бикарбона или алкохолен оцет. Добро измијте ги и оставете ги да се исушат пред да ги закачите.

Држачи за четки за заби и садови за сапун

Водата може долго да се задржи во садовите за сапун, контаминирајќи ги вашите четки за заби со бактерии. Некои додатоци за бања се безбедни за ставање во машина за садови – топлината во машината ќе ги убие сите бактерии што живеат на нив. Алтернативно, малку варикина или антибактериско средство за чистење ќе бидат доволни за одржување на вашите садови за сапун, кои ќе останат чисти и безбедни.