Фото: Пекселс

Стотици Американци патуваат во манастир во Мисури за да го видат телото на калуѓерката кое нема знаци на распаѓање четири години по нејзината смрт, иако била погребана на традиционален начин, пренесува „Њусвик“ .

Сестра Вилхелмина Ланкастер била основач на Бенедиктинските сестри на Марија, Кралицата на апостолите и манастирот во Говер. Нејзиното тело било ексхумирано на 18 мај за да може да биде преместено во последното почивалиште во капелата на манастирот, четири години по нејзината смрт во 2019 година, објави Католичката новинска агенција. Но, кога ковчегот бил отворен, телото било недопрено, речиси и да немало знаци на распаѓање. Трупот никогаш не бил балсамиран и таа била закопана во напукнат дрвен ковчег, во кој нејзиното тело било изложено на влага.

-Вработените на гробиштата ни кажаа да очекуваме само коски во такви услови, бидејќи сестра Вилхелмина беше погребана без балсамирање и во едноставен дрвен ковчег – изјави за „Њусвик“ една од сестрите, која сакаше да остане анонимна.

На телото на Ланкастер е пронајден слој мувла, најверојатно поради кондензација во напукнатиот ковчег, објави медиумот, но само мал дел од нејзината облека се распаднал додека била закопана.

Во католицизмот, телата кои му пркосат на процесот на распаѓање се познати како „нераспаднати“, знак на светост и подоцна оправдување за светоста. Процесот на канонизација на Ланкастер не е започнат, рече бискупот Џонстон.

-Сметаме дека таа е првата Афроамериканка за која е откриено дека е нераспадната – изјави за Католичката новинска агенција мајката Сесилија, игуманија на манастирот. Сесилија беше првата личност што го прегледа ковчегот, како поглавар на манастирот.

Според соопштението на веб-страницата на манастирот, телото на Ланкастер ќе биде преместено и спакувано во стаклен ковчег во капелата, каде што посетителите ќе можат да продолжат да го гледаат.

Фотографии од посетители, објавени на Твитер, може да се погледнат на овој ЛИНК.