Со огромно задоволство ви го најавуваме настанот што го чекавме во нашиот роден град Скопје, во МКЦ (Денсинг сала) на 4 мај 2023 во 21:00 часот.
Целовечерен концерт на Фулиш Грин (Foolish Green) и промоција на албумот „Soul Revival“ ќе се случи во МКЦ (Денсинг сала) во Скопје на 4 мај 2023 во 21 часот.
Фулиш Грин (Foolish Green) се повеќе од 10-ина години на локалната и на европската сцена, а минатата година го издадоа албумот „Soul Revival“, кој ќе биде изведен во живо, но ќе бидат отсвирени и голем дел од песните од претходните изданија.
-Јубилејни 10 години и од издавањето на првиот албум „Escape“, каде што повторно ќе се подружиме и ќе поџемаме со екипата од Funky Fresh, DJ Goce и DJ Chvare, LD Pistolero, R.O.N.I.N од Легијата и Rootsman I од Conquering Lion – велат од Фулиш Грин.