Коосновачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, смета дека со новата технологија ќе бидат заменети паметните мобилни телефони, а станува збор за електронски тетоважи.Електронските тетоважи се производ на американската биотехнолошка компанија „Кеотик мун“, а со нив се собираат и се анализираат податоци добиени од човечкото тело. Податоците ќе можат да се користат за различни цели, меѓу кои се и медицински и спортски. Ова ќе обезбеди подобра превенција и контрола на болести и подобрување на физичката подготвеност. Електронските тетоважи сѐ уште се во фаза на развој и најверојатно ќе изгледаат како мал сензор на кожата.
За Гејтс, претходно опишаните тетоважи не се доволни, бидејќи смета дека тие мора значително да се подобрат. Неговата идеја има толку многу можности за целосно да ги замени паметните мобилни телефони.
Нешто слично можеше да се види и во некои холивудски филмови во кои актерите ги користат овие тетоважи за телефонски повици, испраќање пораки и наоѓање адреса за престој. Не е познато кога навистина ќе биде можно тоа, но познато е дека Гејтс и неговите соработници веќе работат на тоа.