Иако денот кога е убиен американскиот претседател Џон Кенеди бил ведар и сончев, сепак во близина на местото на настанот бил забалежан маж со црн чадор. Баш поради чадорот мистериозниот човек го привлекол вниманието на истражувачите.

Човекот со чадор може да се види на неколку видео снимки и фотографии направени на денот на атентатот. Интересно е што овој неверојатен детаљ е забалежан после неколку децении од атентатот на претседателот на САД.

Во едно од видеата, човекот го отвора чадорот и го крева високо над главата кога лимузината во која се возел Кенеди се приближила. Во еден моментот кога лимузината забавува, тој го свртува чадорот во насока на раката и веднаш потоа се слуша истрел. Џон Ф. Кенеди бил мртов.

Следните фотографии покажуваат дека по пукањето, човекот со чадор седи на тротоарот покрај знакот за „Стимонс фривеј“. Потоа тој станува и оди кон школската продавница за книги, каде се наоѓал убиецот Ли Харви Освалд.
Вистинскиот идентитет на човекот со чадор никогаш не е откриен. Неговоите потези се прикажани и во филмови кои се занимаваат со теорија на заговор, вклучувајќи го и филмот на Оливер Стоун.

Теоријата сугерира дека човекот користи чадор за да му сигнализира на атентаторот. Поточно, тој може да му сигнализира на возачот на Кенеди да ја намали брзината.

Многу луѓе кои биле сведоци на атентатот изјавиле дека лимузината на Кенеди потполно застала на средината на улицата пред да биде убиен. Друга значајна личност е човекот со темни очила кој стои покрај човекот со чадор. Човекот со темни очила со нацистички поздрав го поздравил претседателот, а потоа комуницарал преку воки-токи.

По откривањето на снимката за човекот со чадор, Конгресниот комитет за истрага на убиства ја повика јавноста да им ги достави сите можни информации за човекот со чадор. Сепак неколку години подоцна дознале кој е тој.

Човек со име Луи Стивен Вит во 1978 година изјавил дека тој е човекот од сликата. Според неговите зборови, чадорот требало да биде некој вид сигнал, но не и за убиството. Вит тврдел дека тој го купил чадорот и го носел со себе само за да го вознемири Кенеди.

Децении порано, Џозеф Кенеди, таткото на претседателот го поддржувал британскиот премиер Невил Чемберлен, кој се додворувал на гарманската нациститчка партија. Чемберлен дури и одел во хитлеровото одмаралиште за да ги ублажи тензиите помеѓу Британија и Германија. Оние кои му се спротивставуваа на Чемберлен почнале да му се потсмеваат, користејќи го неговиот заштитен знак – голем црн чадор.

Единствената намера на Вит, како што рекол, била да го отвори црниот чадор со надеж дека Кенеди ќе го види тоа и ќе ја сфати неговата порака. Тој тврдел дека еден пријател му рекол дека е познато дека црниот чадор го иритира Кенеди поради Чемберлен. Ниедно официјално обвинение не било покренато против Вит, но тој сепак сведочел за некој вид на вмешаност во убиството.

-Мислам дека ако постои категорија во Гинисовата книга на рекорди за луѓе кои се нашле на погрешно место во погрешно време и прават погрешна работа, јас убедливо би бил победник – рече тој на сослушувањето.

Убиството на Џон Кенеди и децении нананзад е извор на бројни теории на заговор, па многумина и сега сметаат дека човекот со чадор знае повеќе од што рекол.