Херкул се враќа, помускулест од кога било. Познатиот грчки херој од истоимениот цртан филм објавен во 1997 година инспирира претстоен игран филм по нарачка на „Дизни +“. Во 1997 година, „Дизни“ го објави цртаниот филм „Херкул“, во режија на Рон Клементс и Џон Маскер. Сега „Дизни“ одново ја разгледува судбината на младиот Херкул, синот на Зевс, посвоен од мажи, а тоа е повеќе од одлично. Препознатлив по својот неодолив госпел-саундтрак, овој филм е збогатен со голем број разнобојни ликови, особено ликот на Ад, богот на подземјето, кој колку што е смешен, толку е и изопачен.

Нежен и хумористичен, филмот „Херкул“ претставува одлична лекција за храброст, пријателство и надеж. Херојот од грчката митологија претставуваше инспирација во светот на филмот, појавувајќи се и во неколку серии, повеќе или помалку успешни.
По објавувањето на два филма во 2014 година, кои не добија критичко признание („Легендата за Херкул“ од Рени Харлин и „Херкул“ од Брет Ратнер), Херкул се враќа на сцената со играна адаптација нарачана од „Дизни+“.

Според информациите од сајтот „Холивуд репортер“, платформата за стриминг што неодамна ја започна „Дизни“, во моментов работи на адаптација на цртаниот филм објавен во 1997 година.
Кастингот сѐ уште не е потврден, но Џо и Ентони Русо, режисерите на „Одмаздници: завршница“ ќе бидат продуценти на проектот, додека, пак, Дејв Калахам („Вондер воман“, 1984) ќе биде задолжен за сценариото. Се шпекулира дека ликот на Магера ќе го игра пејачката Аријана Гранде.