Платформата за споделување на фотографии „Инстаграм“ вели дека се обидува да открие како биле украдени лични податоци од над 50 милиони корисници, но и како тие завршиле во незаштитена база на податоци.

Меѓу податоците биле е-маил адреси и телефонски броеви од познати личности и „инфлуенсери.“

Базата на податоци е лоцирана во Мумбаи и е поврзана со компанија под името „Чтрбокс“.

„Инстаграм“, платформа која е во сопственост на социјалната мрежа „Фејсбук“ изјави дека работи на случајот и се обидува да дознае како податоците стигнале таму.

– Го разгледуваме случајот за да откриеме дали споментатите податоци се преземени од „Инстаграм“ или од други извори. Работиме и со компанијата од Мумбаи, со цел да дознаеме како ги добиле поатоците и како истите испливале во јавност – велат од „Инстаграм“.

Покрај е-маил адресите и телефонските броеви, овие информации содржеле и податоци за локациите на корисниците.

Базата на кои биле префрлени овие податоци била зачувана на сервер на Амазон, но истата не била заштитена со лозинка и на тој начин била откриена.

„Чтрбокс“, пак, е маркетинг компанија која се уште не одговара на овие коментари, но ја отстрани базата на податоци.

Прибирањето на податоци од профилите на „Инстаграм“ ги прекршува правилата и политиката на користење на мрежата.