Центарот за национална технолошка иницијатива при Далекоисточниот федерален универзитет (ДВФУ) во Русија почна со собирање специјални податоци за формирање систем за предвидување на развојот на Паркинсоновата болест со помош на вештачка интелигенција.

– Планирано е формираната онлајн платформа со вештачка интелигенција да овозможи подобрување на квалитетот на укажување помош, благодарение на навремените препораки до докторот за прогноза на развојот на болеста кај пациентите – врз основа на видеоанализа на вежби извршени од страна на пациенти и податоци за преглед – се вели во соопштението на центарот.

Оттаму нагласуваат дека автоматизираниот систем ќе го намали оптоварувањето на пациентите и ќе им овозможи на лекарите да им помогнат на повеќе луѓе со спроведувањето тестови преку Интернет.

Според информациите од центарот, прототипот на производот е платформа за комуникација помеѓу пациентите и лекарите преку нивни лични профили. Пациентите ќе можат да испраќаат информации за својата физичка состојба преку видеа и анкети.
Врз основа на претходно добиените информации, нервната мрежа на видеоснимката ќе означи специфични манифестации на Паркинсонова болест, што ќе овозможи да се видат визуелните податоци за состојбата на пациентот и да се приспособи третманот во реално време.

– Проектот беше почнат за да се создаде дигитална средина за комуникација со пациентите, автоматизација и објективизирање на работниот процес на лекарите. Бидејќи се занимавам со хируршки третман за Паркинсонова болест, можам да кажам дека присуството на таков систем ќе помогне да го оптимизирам моето работно време, да ги зачувам податоците за пациентите во дигитален формат и да ги анализирам промените во нивната состојба – вели раководителот на научниот проект, неврохирургот Артур Биктимиров.