Италијанскиот град Торино ќе биде домаќин на изборот за „Песна на Евровизија“ во 2022 година, еден од најважните телевизиски настани во светот, соопштија организаторите.
Во соопштението на официјалната интернет-страница на „Евровизија“ се потсетува дека Италија го оствари правото да го организира натпреварот откако италијанската рок-група „Манескин“ оваа година победи на натпреварот што се одржа во Ротердам, Холандија.
Изборот ќе се одржи на стадионот „Палаолимпико“, двете полуфинални вечери ќе бидат на 11 и 12 мај, а финалето на 14 мај, се додава во соопштението.
Италија досега двапати организирала избор за „Песна на Евровизија“, и тоа во Неапол во 1965 г. и во Рим во 1991 г.