По пауза од година и половина, познатата пејачка Симона Поповска, чија професија е доктор дерматолог, се врати со нов сингл на македонската музичка сцена. Причина за нејзиното отсуство од јавните настапи е раѓањето на нејзиниот син Никола, со чие растење таа беше окупирана изминатиот период.
Симона беше членка на единственото денс-дуо кај нас, „Саунд месинџерс“, заедно со диџеј Ерик Фокс. Заедно остварија голем број настапи по клубовите низ земјава, па и надвор од неа. И оваа нивна соработка за многумина ќе биде убаво музичко изненадување.
Се работи за новиот сингл на Симона, „Feel so good“. Музиката е на Ерик Фокс и Рената Кралевска, која го напиша и текстот, а песната е во продукција на Ерик Фокс и наскоро ќе се најде на сите познати музички платформи, како Спортифај, Апстор и други. Музичкото лирикс-видео го изработи Зоран Стојановски.
Симона најавува уште неколку песни наскоро на македонски, а некои и на англиски јазик. Наедно, тоа е и најава дека таа ќе им се врати и на живите настапи.