Пејачот на групата „Аеросмит“, Стивен Тајлер, платил 80 долари за да стане свештеник на Универзалната црква на животот, и сега може легално да венчава двојки во САД.
Првиот брак го склучил минатиот викенд, а новопечениот свештеник ги венчал синот и неговата избраничка.

Тајлер ја добил титулата свештеник откако го завршил интернет-курсот организиран од црквата, за кој платил 80 долари. Но, минималната цена за неговите услуги изнесува 200.000 долари, наведува изворот.
Рок-ветеранот потоа се понудил да ги венча и Џастин Бибер и манекенката Хејли Болдвин.
Неодамна и тапанарот Мик Флитвуд го мина курсот за свештеници.