Повеќекратниот добитник на престижната музичка награда „греми“, Тига, на 22 јуни следната година ќе одржи концерт на стадионот АРМ во Скопје, во рамките на својата светска турнеја. Поточно, тој доаѓа во Македонија како најголема ѕвезда на фестивалот „Фјужн“, што го организира продукцијата „Спектаклум“.
Мајкл Реј Нуен-Стевенсон, односно Тига, во рамките на својата успешна кариера соработувал со најголемите имиња на рап-музиката, Крис Браун, Кање Вест, Лил Вејн…
Влезниците за големиот спектакл веќе се во продажба со специјални празнични цени до 31 јануари. Поради големиот интерес за овој настан во регионот, влезници се пуштени во продажба и во соседни земји: Бугарија, Грција, Србија, Косово и Албанија.