Малкумина се осмелуваат да возат автомобил без возачка дозвола, особено ако е нерегистриран, бидејќи во случај да бидат запрени од полицијата, следуваат сериозни казни.

Сепак, постои само една личност во светот на која ѝ е дозволено да ги прави овие работи, а тоа е британската кралица Елизабета, која поради својот статус не мора да има возачка дозвола, а нејзиниот автомобил не мора да биде регистриран. Англискиот закон предвидува дека никој нема право или основа да побара возачка дозвола од кралицата Елизабета.

Инаку, кралицата Елизабета често сака да седне зад воланот. На 95 години, таа сè уште се вози низ Лондон, а не ни има возачка дозвола.

Нејзината љубов кон автомобилите може да се следи уште од Втората светска војна. Таа била членка на Женската помошна служба, ги познава механичарските работи и веројатно е единствениот член на кралското семејство што знае како да смени гума. Кралската гаража има флота од луксузни автомобили што ги користела кралицата Елизабета Втора или сѐ уште ги користи. Колекцијата на автомобили е поголема од 10 милиони фунти.