Принцот Хари се скарал со најдобриот пријател Том Инскип, откако овој го предупредил дека избрзува со одлуката да се ожени со Меган Маркл, се тврди во новата книга „Барајќи ја слободата: Хари, Меган и создавање на модерно кралско семејство“, пренесува „Дејли Мејл“.  Принцот Хари потоа ги заладил односите и не го поканил Искип на неговата свадба.

Хари и Том се запознале на универзитетот „Итон“ и станале неразделни. Заедно оделе на забави, заеднички патувања и семејни собири. Во еден момент, Том бил како дел од семејството. Откако принцот Хари ја објавил свршувачката со Меган, некои блиски пријатели и роднини на принцот го искажале своето мислење. Меѓу нив бил и принцот Вилијам, кој сметал дека неговиот брат избрзува со одлуката за венчавката, пишува и „Сандеј Телеграф“.

Според тврдењата во книгата и Том го делел истото мислење. Како најдобар пријател, Том на Хари му сугерирал прво да живеат заедно со Меган, па дури потоа да донесат толку важна животна одлука. Принцот Хари овој совет, наводно, не го сметал за добронамерен, туку како напад на Меган.

– Хари беше многу повреден што негов близок не му верува за големата животна одлука што ја донел – се објаснува во книгата.

Поради тоа принцот Хари и Меган Маркл одлучиле Том и неговата сопруга Лара да не ги поканат на венчавката во дворецот Фрогмор. Том и неговата сопруга присуствувале на црковната венчавка во дворецот Виндзор, но не биле добредојдени на забавата која подоцна се одржала во Фрогмор. На забавата по повод нивната венчавка присуствувале новопечените пријатели на парот Опра Винфри, Амал и Џорџ Клуни, Викторија и Дејвид Бекам меѓу останатите гости, пишува во книгата.

Новата биографска книга наскоро ќе излезе на пазарот.