Компанијата за вселенски туристички летови „Вирџин галактик“, во сопственост на Ричард Бренсон, соопшти дека ги пушти во продажба картите за вселенски летови по цена од 450.000 долари од седиште, само неколку недели откако Бренсон одлета во вселената.

Компанијата меѓу 2004 и 2014 година продаде околу 600 карти, а тогашната цена изнесуваше меѓу 200.000 и 250.000 долари.

„Вирџин галактик“ на заинтересираните им нуди три можности – да купат едно седиште, пакет за повеќе седишта, како и можност да го откупат целото летало.

Следниот вселенски лет е закажан за крајот на септември. Се работи за истражувачки лет, спроведен заедно со италјанското воено воздухопловство, а леталото ќе полета од Ново Мексико.

Бренсон на 12 јули полета до работ со вселената во големо летало со вселенски ракетен авион ВСС Јунити. На околу 15 километри висина, бродот се одвои од авионот-носач и почна со суперсонично искачување, се до 80 километри висина, висина која САД ја утврди како граница со вселената.