Веројатно знаете дека многу филмови се базираат на вистинска приказна, но прашањето е дали знаете дека ова важи и за следните 12 хорор-филма.

„Психо“
Овој психолошки трилер, со очигледни елементи на хорор, е еден од култните класици на Алфред Хичкок. Самата приказна се базира на озлогласениот сериски убиец од американската држава Висконсин, чие име беше Ед Гејн.

„Егзорцистот“
Често се вели дека овој филм е најстрашниот хорор досега. Неговата тема е поврзана со момче под псевдонимот Роланд Ду. Седум свештеници се обидувале да направат егзорцизам врз Роланд, кој ги поместувал работите и зборувал на непознат јазик.

„Тексашки масакр со моторна пила“
Интересно, како и во случајот со филмот „Психо“, масовниот убиец Ед Гејн исто така служеше како инспирација. Покрај убиствата што ги извршувал, тој вадел и мртви тела од гробиштата, а кожата на жртвите ја користел за да направи абажур и маски за лице.

„Ајкула“
Филмот е базиран на истоимената книга од 1974 година. Главната приказна не е за некоја конкретна ајкула или настан, туку за животот на капетанот и ловец на ајкули Френк Мундус. Иако ова не е типичен хорор, сцените со ајкулата навистина прават да ви замрзне крвта во вените.

„Кошмар на улицата на брестовите“
Ликот на Фреди Кругер е целосна измислица на режисерот Вес Крејвен. Меѓутоа, идејата за смрт поради кошмари доаѓа од нешто што се нарекува Бругадин синдром, што е ненадејна и необјаснета смрт за време на спиењето.

„Кога јагнињата ќе стивнат“
Ова е достигнување што многумина го сметаат за еден од најдобрите филмови на сите времиња. Се враќаме повторно на морничавиот Ед Гејн, бидејќи тој исто така служеше за формирање на главниот лик, конкретно Бафало Бил.

„Вресок“
На колеџ во Флорида во 1990 година, човекот по име Дени Ролинг убил пет студенти за четири дена. Така настанала идејата за овој хорор-филм, кој со текот на времето стана и остана апсолутен хит.

„Девојката од соседството“
Понекогаш реалноста е пострашна од седмата уметност. Таков е случајот со овој филм, кој како тема го зеде случајот со 16-годишната Силвија Ликенс. Таа била малтретирана и злоупотребувана до смрт од страна на семејството Баничевски.

„Странците“
Заплетот на филмот е всушност збир од неколку вистински настани. Тие вклучуваат, меѓу другото, убиство од страна на семејството Менсон и убиство во градот Кеди. Вториот случај особено придонесува за напната атмосфера на филмот.

„Поседување“
Се испостави дека овој филм е целосно базиран на вистински настан, поврзан со дибук-кутија. Оваа кутија носи лоши околности и необјасниви ситуации за секој човек што ја поседува.

„Повикување на злото“
И првиот и вториот дел од филмот следат брачна двојка – Ед и Лорен Ворен. Со години, тие протеруваат негативни ентитети и духови од простории и од луѓе. Нивните приказни, сведоштва и аудиоснимки сведочат за страшни животни моменти.

„Анабела“
Филмот е поврзан со гореспоменатото остварување „Повикување на злото“, бидејќи и тука се појавуваат Ед и Лорен Ворен. Анабела е најстрашната кукла на светот, бидејќи крие исконско зло. кое носи несреќа за секој што ќе дојде во контакт со неа.