Панорама / На политички говор наместо на бања!

Белград – Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, објави дека 50,1 отсто од полнолетните граѓани се вакцинирани во Србија.
– Поминавме 50 отсто од вакцинирани полнолетни граѓани – моментално 50,1 отсто (2.705.458 вакцинирани). Сурчин, Чуприја, Прешево, Вршац и Прокупље се приклучија на групата од 58 локални самоуправи со над 50 отсто од вакцинираните – напиша Брнабиќ.
Бројот на нови случаи на инфекција со коронавирус во Србија постепено се зголемува, а експертите предупредуваат дека делта-видот полека го потиснува британскиот. (РТС)

Софија – Има таков народ категорично одбива да потпише договори со другите партии – БСП, Демократска Бугарија или Исправи се БГ! Доаѓаме!, со кои преговара за формирање влада, изјави пратеникот од партијата на Трифонов, Станислав Балабанов.
– Дадениот збор, моралот и достоинството се многу поважни од потпис. Ќе го вратиме мандатот за формирање влада во законскиот рок, кој истекува в петок – изјави тој. („Њуз.бг“)

Сараево – Медицинска сестра во БиХ погрешно вакцинирала осум лица со вакцина против грип наместо со вакцина против коронавирус. Пациентите не се во животна опасност.Полициската управа во Добој објави дека вработена во локалниот здравствен дом требало да им ја даде вакцината „Синофарм“, која штити од коронавирус, но, наместо тоа, им дала на пациентите вакцина против сезонски грип. Медицинската сестра била суспендирана од работа. („Аваз“)


Бисер балкански

На политички говор наместо на бања!

– Според зборовите на повеќе пензионери што ни се јавија, дошло до вербални протести во автобусот кога сфатиле дека наместо во бањата Врдник, ќе ги носат во Бусија. Најхрабрите го напуштиле автобусот кога пристигнале во Бусија. Тие пешачеле до градскиот превоз, а подоцна во своите домови пристигнале околу 20 часот. Другите, кои се вратиле со нивниот организиран превоз, стигнале околу два часот по полноќ – изјави Жељко Митровиќ, уредник на грочанскиот портал „Жиг инфо“.
Тој ја пренесе изјавата на една пензионерка за тоа дека добиле поинаква информација, дека ќе бидат однесени во бањата, а наместо тоа биле „пренасочени“ да го слушаат политичкиот говор на српскиот претседател Александар Вучиќ, за што не биле информирани пред почетокот на патувањето.