Американската глумица Тања Робертс, можеби најпозната по филмот „Џејмс Бонд: „Изгледи за убиство“, почина вчера на 65-годишна возраст. Причината за смртта сѐ уште не е соопштена, пренесуваат светските медиуми.

Според медиумите Робертс ги изнела своите кучиња на прошетка на Бадник со нејзиниот партнер Ленс О’Брајан, а по враќањето дома, таа се онесвестила по што била однесена во болница, изјави Мајк Пингел нејзиниот претатавник за јавноста за „Сити њуз сервис“. Таа била хоспитализирана, но не и се подобрила здраствената состојба. Робертс вчера починала во Лос Анџелес , објави „Холивуд репортер“.

Тања глумеше и во серијата „Чарлиевите ангели“ од 1980-тите, како и во „Лудите ’70-ти“ од 1998 до 2004 година.

Во својата кариера Тања била и модел со улоги во реклами, како и во повеќе филмови од Б-категорија.