Том Круз за време на снимањето во Норвешка

По седум месеци пауза поради пандемијата на ковид-19, продолжи да се снима седмиот дел на „Невозможна мисија“ во Норвешка. Снимањето во март беше одложено откако ковид-19 се прошири низ Италија каде во тоа време се снимаше. Како резултат на одложувањето на снимањето, премиерата на филмот беше најавена во ноември в година.

Норвежаните ги обвинуваат власта и локалните политичари што дозволиле Том Круз и филмската екипа на „Невозможна мисија“ да имаат посебен третман за време на снимањето на филмот на локации со прекрасна природна убавина. На обвинувањата се спротивставил првиот човек на Норвешкиот филмски институт, кој ги отфрла тврдењата дека норвешките официјални лица паднале „под контрола на Том Круз“.

Филмската екипа и Том Круз сега се наоѓаат во планинската област Мор и Ромсдал во Норвешка, каде привлекуваат големо внимание. Том Круз носи црна маска за лице, особено кога се поздравува со локалното население или позира за фотографирање.

На норвешките филмски работници најмногу им пречи тоа како за екипата на „Невозможна мисија“ се направени исклучоци од правилата околу сè, од мерките за ограничување воведени поради коронавирусот до законите за работни односи што се применуваат за странци.

– Не смее ништо да недостасува ако сакаме Холивуд да снима филмови во Норвешка – напишал новинарот Џо Моен Бредевиен во весникот „Дагсависен“.

Тој додава и дека норвешката држава за филмот доделила финансиска поддршка од 50 милиони норвешки круни или 4.674 000 евра и ослободување од прописите за карантин воведен поради коронавирусот.