Нетфликс најави објавување на оригинален документарниот филм за поранешната прва дама на САД, за нејзината 34-дневна турнеја како дел од промоција на нејзината книга, со можност за „редок и поглед одблизу“ на нејзиниот живот, пренесува „Гардијан“. Документарецот ќе биде објавен на 6 мај.

Режисер е Надија Халгрен, која неодамна го снимаше краткиот документарен филм „После Марија“,во кој станува збор за ефектот на ураганот Марија врз семејствата од Порторико.

Мемоарите на Мишел Обама „Станувајќи Мишел Обама“, стана веднаш бестселер по објавувањето во 2018 година и продадени се над 10 милиони примероци. Според анкетата на „Галуп“, Обама беше избрана за највлијателна жена во САД во последните две години. Кога неодамна го прашале Џо Бајден дали таа е подобна за потпретседател, претпоставениот демократски кандидат за претседател, одговорил дека ќе ја избере без размислување.

Документарецот ја означува најновата соработка помеѓу парот Обама и Нетфликс, откако парот 2019 година потпиша проукциски договор со стриминг гигантот. Тие неодамна беа извршни продуценти на документарниот филм „Американска фабрика“ кој доби „оскар“ и во план им се голем број проекти, вклучително и серија наречена Блум за животот во светот на модата во повоениот Њујорк.