Позната на Инстаграм како Беди Винкл, таа е најстарата инфлуенсерка во светот. Кога ќе го слушнете поимот инфлуенсер, особено кога станува збор за Инстаграм, вообичаено се помислува на млада личност, која изгледа привлечно. Сепак, Хелен Рут Елам (91), позната на Инстаграм како Беди Винкл, докажува дека тоа не е правило.
Таа покажа дека младите не се клучни за успех на интернет.
Според истражувањето на една страница, која се занимава со заработката на инфлуенсерите, Хелен заработува многу повеќе од нејзините помлади и попознати колеги.
Нејзиниот профил го следат 3,5 милиони луѓе, а за една објава во просек заработува 8.000 евра.
Секако не е изненадувачки што е толку популарна, бидејќи нејзините придружници се воодушевени од нејзините весели модни комбинации, дури и костими за капење, кои го отсликуваат нејзиниот весел дух.