Палеонтолозите потврдија дека фосилите на диносаурусите пронајдени во крајбрежјето на Квинсленд во 2006 година припаѓаат на нов вид огромен сауропод.
Фосилите на огромен диносаурус – австралиски кооперенсис – кои се движеле низ Земјата, пред 92-96 милиони години, се идентификувани како нов вид сауропод и најголем животински вид што прошетал во Австралија.
Фосилите од коските се ископани во 2006 година од страна на тимови палеонтолози и волонтери од музејот „Квинсленд“ и природно-историскиот музеј „Ероманга“, кои го нарекоа диносаурусот Купер, по блиската слатководна река Купер Крик.
Научниците ги поминале следните години споредувајќи ги неговите коски со скенираните на другите сауроподи, по што заклучиле дека станува збор за нов вид.
Животното јадело растенија и живеело во периодот креда, кога Австралија била приврзана кон Антарктикот, формирајќи ја источната страна на суперконтинентот Гондвана.
Палеонтолозите веруваат дека диносаурусот достигнал висина до 6,5 метри (до колкот) и 30 метри во должина, вбројувајќи го во првите пет најголеми диносауруси досега пронајдени. Со тоа тој се приклучува кон елитната група титаносаури, кои претходно биле пронајдени само во Јужна Америка.