Зошто одеднаш добивате килограми?

Понекогаш немаме објаснување зошто ненадејно се здебелуваме. Лоренс Ческин, директор на „Џонс Хопкинс“, центар за управување со тежината, дава неколку објаснувања. Тој вели дека варирањето на тежината за плус пет килограми, па и повеќе, е типично за жените.
Консумирање премногу сол: потрошувачката на натриум предизвикува телото да ја задржува водата, која има тежина и волумен. Ако неколку дена по ред јадете солена храна, може ненадејно да добиете на тежина. Брзата храна, ресторанската или онаа за носење, по правило е посолена.
Земате нови лекови: голем број лекови може да предизвикаат дебелење, поточно зголемување на тежината до 15 отсто. Тоа се лекови за депресија, за болести на срцето, меѓутоа и лековите за спиење, против болки, па дури и таблети против алергии. Ист ефект имаат и стероидите и лековите што содржат тестостерон.
Имате ендокрино нарушување: се претпоставува дека секој петти човек има нарушена работа на штитната ѕвезда. Иако оваа состојба е почеста кај жените, може да се јави и кај мажите, но и да предизвика значително зголемување на тежината, но тоа не е единствениот симптом. Може да се јават и замор, слабост, главоболка, раздразливост и депресивно расположение.