Компанијата „Аксиом спејс“ досега успеала да собере 130 милиони долари за својот проект за прва комерцијална вселенска станица.
„Аксиом спејс“ доби договор од НАСА за производство на првите приватни комерцијални модули за постојната меѓународна вселенска станица, а оваа компанија реши да отиде и чекор подалеку и да развие свои целосно приватни орбитални платформи што ќе станат основа за развој на вселенскиот туризам, како и за научно истражување и многу повеќе од тоа.
Компанијата собира средства од оние што сакаат да станат приватни астронаути на меѓународна вселенска станица, а патувањето е планирано за јануари 2022 година со помош на капсулата „Кру драгон“ на компанијата „Спејс екс“. Исто така, „Аксиом спејс“ ќе организира своја обука и ќе подготвува планови за мисии.
Покрај тоа, воспоставена е соработка и со актерот Том Круз за започнување реално шоу, чија цел ќе биде да се натпреваруваат кандидати и да се борат за место на комерцијалниот лет до станицата на „Аксиом“.
„Аксиом спејс“ планира да инсталира нови модули на меѓународната вселенска станица до 2024 година.